ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

ЕТУК: ЕУ да овозможи финансиски средства за работниците и компаниите погодени од Корона вирусот

207views

Бобан Илијевски

Луѓето кои се болни, кои се грижат за семејствата или не се во можност да работат поради корона вирусот не треба да страдаат финансиски, рече генералниот секретар на Европската Конфедерација на синдикати- ЕТУК, Лука Висентини, поздравувајќи ја посветеноста на Европската комисија за заштитувањето на работниците од невработеноста и губењето на приходите.

– Комисијата мора да се погрижи финансиската поддршка да ги опфати сите работници, вклучувајќи ги и самовработените и оние коишто работат ризични работи, рече Висентини.

Според него, плановите на Комисијата за олеснување на нејзините фискални и државни правила за помош се есенцијални за поддршка на јавниот сектор и компаниите кои се погодени од кризата. Тој истакна дека овие мерки мора веднаш да се усвојат од министрите за финансии на ЕУ и да се имплементираат во сите земји членки.

– Средствата наменети за заштита на работниците и компаниите треба да се додатни во штедењето на земјите членки, рече Висентини.