ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

ЕТУК: Иницијативите за зголемување на минималната плата по корона кризата ќе бидат најмногу потребни

ЕТУК: Иницијативите за зголемување - Работник
265views

Потребна е иницијатива од Европската комисија за достоинствена минимална плата која нема само да ја поправи штетата нанесена од страна на економските политики на ЕУ за време на економската криза во 2008 година, туку ќе се справи и со последиците од коронавирусот, истакнаа од Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК.

„Многу работници не се справија со ефектите на строгоста на платите од претходната криза, пред новата криза да не удри“ рече заменик генералниот секретар на ЕТУК, Естер Линч.

„Пред изборите, Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лајен вети дека ќе се заложи за тоа секој работник во ЕУ да добие фер минимална плата. Консултативниот документ кој беше објавен вчера е чекор напред. Ја препознава потребата да се осигура дека секој работник ќе може да преговара за фер плата со помош на засилено колективно преговарање, заедно со мерките кои можат да ги зголемат законските минимални плати, како и што бараше ЕТУК. Во исто време, сеуште не е јасно како комисијата планира да ги постигне овие цели“, рече Линч.

Таа истакна дека ЕТУК ќе продолжи да врши притисок за да се добие јасна посветеност од комисијата за да се осигура дека земјите членки на ЕУ ќе добијат зголемување на законските минимални плати, до ниво кое ќе им обезбеди достоинствен живот. Ова значи ниво кое е најмалку 60 % од медијалната плата и кое ќе биде доволно за да се задоволи минималната синдикална кошница. За ова ќе биде склучен договор и на национално ниво, помеѓу синдикатите и работодавачите.

Линч посочи дека потребно е да се овозможат оргинални мерки за поддршка на преговорите за плати помеѓу синдикатите и работодавачите, бидејќи колективното преговарање е единствениот начин да се осигура дека работниците ќе имаат фер плати. Еден начин на кој може да се направи ова, според неа, е владите да не им помагаат на компаниите кои нема да сакаат да преговараат со синдикатите.

„Најголемата дилема којашто сеуште не е разрешена, е тоа како да се намали нееднаквоста помеѓу јазот во платите на Истокот и Западот. Овој јаз не смее да се дозволи да продложи“, вели Линч.

Од кога Еврпа е погодена од коронавирусот:

  • Речиси 40 % од работниците во ЕУ велат дека нивната ситуација е полоша од пред кризата, а преку 40 % во (Италија, Шпанија, Полска, Романија, Португалија, Хрватска, Бугарија, Словенија, Словачка, Грција, Унгарија, Кипар и Малта) го велат истото.
  • Нешто помалку од 50 % од работниците велат дека нивните работни часови се намалени од започнувањето на кризата, а преку 50 % го велат истото во 10 земји членки (Италија, Шпанија, Франција, Полска, Романија, Хрватска, Бугарија, Грција, Кипар и Малта).

Истражувањата покажуваат дека помеѓу 2011 и 2018 година, Европската комисија дала 50 препораки за да изврши репресија врз зголемувањето на платите и 38 за редуцирање на безбедноста на работните места и правата на работниците за преговарање.