СветСиндикат

ЕТУК: Климатските промени се ризик за работниците

ЕТУК: Климатските промени се ризик за работниците-Работник
156views

Климатските промени создаваат ризици и ги влошуваат условите за работниците, предупреди ЕТУК на конференцијата за климатски промени на Обединетите нации која се одржа претходната недела.

На вториот ден од настанот во Мадрид, ЕТУК одржа заедничка заедничка манифестација со Фридрих Еберт Стифтунг, за да ги потенцира последиците од климатските промени за светот на работата.

Генералниот секретар Лудовик Воет збзорувеше пред делегатите дека последиците од климатските промени се веќе видливи преку зголемен број на диви пожари, поплави, топлотни бранови и други екстремни временски услови.

Луѓето кои работат на отворено во секторите градежништво и земјоделство се почесто изложени на екстремни временски услови, а истите создаваат и поголем обем на работа и стрес за вработените во службите за итни случаи, како што се пожарникарите, медицинските сестри и докторите.

„Последиците од климатските промени создаваат нови ризици за работниците или ќе ги влошат постојните, истовремено влијаат на содржината и интензитетот на работата во многу сектори“, рече Воет.

„Затоа синдикатите мора да бидат вклучени на локално, национално и европско ниво во креирање на политики за да им помогнат на работните места да се прилагодат на климатските промени“.

ETUC во моментот води проект за да идентификува кои сектори и региони се со најголем ризик, како работниците се погодени и какви конкретни мерки се потребни за да се прилагодат работните места за да се справат со климатските промени.

Првите наоди од проектот финансиран од ЕУ беа презентирани и дискутирани од делегатите на настанот.

На овој настан учествуваа и претставници на Европската комисија, Светската здравствена организација, ИТУЦ, Самостојниот транзициски центар и мрежата за климатски активности.