НовостиСветСветот на работникот

ЕТУК: Колективните договори се најдобар механизам за намалување на работното време без кратење на платите

   Време за читање 4 минути

ЕТУК бара да се зголеми покриеноста со колективни договори во Европа

На неколку дена пред Божиќ, беа објавени податоци кои ги покажуваат бенефитите од покриеноста со колективни договори во земјите од Европската унија со највисоко ниво на колективно преговарање. Имено, работниците во овие земји уживаат до еден месец повеќе слободно време, со исти плати, од останатите работници, соопштија од Европската конфедерација на синдикати – ЕТУК.

Во земјите со поголема покриеност со колективни договори има повеќе слободно време

Нивната анализа која се поклопува со периодот кога излегле и податоците на Eurofound за работното време договорено преку колективни договори за работниците на полно работно време, открила дека:

  • Во земјите каде што 9 од десет работници се покриени со колективни договори, нивното просечно работно време изнесува 1,674 часа (без прекувремени часови).
  • Во земјите каде што еден од десет работници се покриени, просечното работно време е 1,848 часа (без прекувремени часови).

Разликата е 174 часа – еквавилетно на четири работни недели земајќи го предвид работното време утврдено со колективен договор на ниво на ЕУ кое изнесува 38 часа неделно.

ЕТУК: Земји со најголема и земји со најмала покриеност со колективните договори

Земји со најголема покриеност со колективни договори

Работно време според колективен договор Покриеност со колективни договори (%)
Шведска 1,662 88
Финска 1,662 89
Белгија 1,752 96
Австрија 1,714 98
Франција 1,578 98
Просек 1,674 94

Земји со најмала покриеност со колективни договори

Работно време според колективен договор  Покриеност со колективни договори (%)
Полска 1,848 13
Грција 1,840 14
Романија 1,840 15
Естонија 1,856 19
Унгарија 1,856 22
Просек 1,848 11

Разликата ја потенцира потребата од зголемување на покриеноста со колективни договори ширум Европа.

Пристапот до колективно преговарање им бил укинат на повеќе од 3 милиони работници во последните две децении. Најголемите „падови“ биле во Грција и Романија, две земји со највисоко работно време. Грчката влада скоро усвои закон кој дополнително ќе го зголеми работното време.

Манифестот на ЕТУК по повод европските избори повикува да се донесат следните мерки, за да се постигне „Фер договор за работниците“:

  • Ревизија на директивите за јавни набавки кои пристапот на компаниите до јавните средства го условуваат да зависи од почитувањето на правата за колективно преговарање.
  • Амбициозно транспонирање на Директивата за Адекватни минимални плати на национално ниво, која ќе таргетира 80 % од покриеноста со колективни договори во земјите членки.
  • Намалување на работното време без намалување на платите, вклучувајќи право на исклучување за да се сузбие неплатената работа.

Генералниот секретар на ЕТУК, Естер Линч, коментирајќи ги податоците, рече:

„За многу работнци ширум Европа, овој период од годината е се‘ друго освен празник. Луѓето работат долги часови за ниски плати, наместо да имаат слободно време кое ќе го уживаат со семејството и пријателите.

„Со прецизна паралела помеѓу бројот на работници чиишто договори подложеле на колективно преговарање и износот на време кое мораат да го поминуваат на работа секоја година, бенефитот од колективното преговарање е најдобриот божиќен подарок кој креаторите на политиките можат да им го подарат.

„Намалувањето на работното време без намалување на платите е докажано дека ги зголемува и продуктивноста и благосостојбата на работниците. Овие податоци покажуваат дека високото ниво на покриеност со колективни договори е најдобриот начин да се постигне win-win сценарио.“

Извор: ЕТУК

Фото: Canva/Getty Images

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, кариера и човечки ресурси

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *