- Advertisement -
ЕкономијаСветСиндикат

ЕТУК: Компаниите да сопрат со плаќањата на акциите на акционерите во време на пандемијата од корона вирусот

ЕТУК: Компаниите - Работник
195views

Синдикатите ги повикуваат банките и големите бизниси да помогнат во справувањето со економските последици од кризата со корона вируост со суспендирање на плаќањето на дивидендите и откупувањето на акциите.

Повеќе компании нормално треба за кратко да ги исплатат дивидендите и акционерите се предвидува да добијат рекордни 359 милијарди евра во дивиденди оваа година, што е за 12 билиони евра повеќе од претходната година.

Но, во овие посебни околности, Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК верува дека големите комапии мора своите интереси да ги стават во интерес на работниците и економијата, над сите акционери, со тоа што парите ќе ги употребат да ги зачуваат работниците и да ги заштитат работните места.

Компании во 20 европски држави добиваат билиони на евра во државна поддршка за да се справат со кризата преку мерки за исплата на плати.

Суспензиите на исплатата на дивидендите траба да бидат чист услов за секоја поддршка на даночните обврзници, заедно со социјалните услови како гаранција да не се прават намалувања или да се кршат работничките права.

Доколку дистрибуцијата на дивиденди продолжи, земјите членки и Европската унија треба да ги зголемат данцоците за овие неправедни дивиденди за да се финансира јавниот секор кој е растегнат до точка на пукање во оваа криза.

„Нашиот повик следува откако Француската Влада објави планови со кој ќе ги сопре компании да плаќаат дивиденди, додека Европската централна банка рекла дека банките нема да плаќаат дивиденди, најмалку до октомври 2020 година„, велат од ЕТУК.