СветСиндикат

ЕТУК: Не постои Брегзит од кој работниците би имале придобивки

ЕТУК: Не постои Брегзит - Работник
172views

Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК верува дека не постои Брегзит од кој работниците би имале бенефиции. Во ваквите услови, ЕТУК го поздравува напорот на Европската Унија за да избегне да нема договор, гарантирањето на добар договор и избегнување на граница во Ирска.

Но, ЕТУК е загрижен поради тоа што договорот уште повеќе ги ослабува, веќе ослабените работнички права, иако понатамошниот надзор е есенцијален.

Во договорот за повлекување веќе нема упатување на рамноправно поле за играње. Наместо тоа, постои само аспирација да се задржат сегашните социјални стандарди и стандарди за вработување во необврзувачката политичка декларација. Единствениот пакет договор за работници би гарантирал дека стандардите за вработување во Велика Британија одржуваат чекор со оние на ЕУ27

Генералниот Секретар на ЕТУК, Лука Висентини рече:

„Му посакуваме добредојде на фактот што конечно има договор кој ќе го штити мирот и ќе го почитува Добриот Петочен Договор со избегнување на граница во Ирска“.

„Но не постои добра форма на Брегзит и овој договор се чини дека ги ослабна веќе ослабените работнички права“.

„Доколку се остават социјалните и работничките стандарди за идни преговори тоа ќе значи дека работниците и нивните права ќе бидат искористени како инструмент за преговори“.