- Advertisement -
ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

ЕТУК: Потребни се акции за да се постигне родова еднаквост

ЕТУК: Потребни - Работник
234views

Одговарајќи на објавувањето на Стратегијата за родова еднаквост на Европската комисија, заменик-генералниот секретар на Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК, Естер Линч, рече:

„Во време кога гледаме реакција против родовата еднаквост, европската акција која ги турка земјите членки да ја обноват борбата за ставање крај на дискриминацијата со која се соочуваат жените секој ден на работа е многу потребна. Бараме Урсула фон дер Лајен да биде похрабра, посилна и побрза.

Advertisement

Консултациите за транспарентност на платите мора да се одржат што е можно побрзо за да можеме да започнеме со активности за разликата во однос на платите од 16% во Европа, како што е забраната за клаузули за тајност на плаќање, задолжителна годишна ревизија на плати и право на работниците да бараат информации за плата од нивните работодавци. Знаеме дека информациите нема да бидат доволни за да се гарантира крај на нееднаквоста во платите. Директивата исто така треба да ги зајакне жените работници и нивните синдикати да преговараат за промените потребни за да се обезбеди еднаква плата на работното место.

Бевме разочарани од неуспехот да се справиме со новите форми на сексизам при работа коишто се појавуваат во различни системи. Треба да има најмалку 40% жени во одборите во компаниите, тоа мора да значи дека се претставени сите жени од сите потекла и животно искуства, а не само одредена група на луѓе.

Advertisement

Комисијата исто така има право да ги натера земјите-членки конечно да го поддржат пристапувањето во ЕУ во Истанбулската конвенција и Конвенцијата на МОТ за насилство и вознемирување, вклучително и сексуално вознемирување врз жените на работа и ЕТУК ги повикува да работат со синдикатите на ниво на земја-членка за да постигнат ратификација“.

Advertisement