ЕкономијаСветСиндикат

ЕТУК: Потребно е зголемување на законската минимална плата во ЕУ

ЕТУК: Потребно - Работник
181views

Одговарајќи на Европскиот семестрален зимски пакет на Европската комисија, Генералниот Секретар на Европската Конфедерација на синдикати, Лука Висентини рече:

„Комисијата знае дека нееднаквостите во платите се зголемуваат и животот станува потежок за ниско платените работници, што покажува дека е потребна поголема законска минимална плата каде што постојат ваков вид на минимални плати и мерки за промовирање на колективното преговарање во секоја земја членка на ЕУ. Ние ја поздравуваме посветеноста за преземањето на флексибилен пристап кон фискалните цели поради ширењето на Коронавирусот. Потребно е земјите членки и ЕУ да преземат економски мерки кои се потребни за да спречи претворањето на здравствените мерки во рецесија“.

„Но, постојаниот акцент на Комисијата за намалување на долговите е погрешен, особено кога извештаите наведуваат дека нивото на јавните инвестиции останува под нивото пред кризата. На сите земји-членки им се потребни повисоки нивоа на јавни инвестиции за да го активираат економскиот раст потребен за намалување на долговите, како и создавање работни места и подигнување на животниот стандард“.

„ЕТУЦ е подготвена да работи со Комисијата за да гарантира развој на моделот заснован на достоинството на работата, за раст кој е компатибилен со ограничувањата на животната средина и ги почитува границите на природните ресурси на Земјата“.

„Барањето од земјите-членки да вклучат социјални партнери во пресвртницата на Процесот на семестар на национално ниво ќе биде најдобриот начин да се обезбеди дека политиките се спроведуваат на избалансиран и фер начин“, рече Конфедералниот Секретар на ЕТУК, Лина Кар.