СветСиндикат

ЕТУК: Принципите треба да се претворат во дејствувања

ЕТУК: Принципите треба да се претворат во дејствувања
95views

Коментирајќи за декларацијата од Сибиу која излезе во јавност, Лука Висентини, Генерален Секретар на Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК, рече:

„Можеме да ги поддржиме сите десет принципи, иако тие се многу општи и е создржат конкретни предлози за дејствување. Изјавата за поддршка на Европската Обединетост, демократијата и владеењето на правото во времето на популистички и анти – Европски политики. Жално е што не се споменат социјалниот дијалог со социјалните партнери и обичните луѓе“.

„Многу е важно што ќе се случи следно. Самитот во Брисел во јуни мора да ги претвори принципите во дејствувања“.

„Советот треба да ги повика Комисијата и Парламентот да ги зајакнат актуелните напори за зголемување на инвестициите и реформата на економските правила на ЕМУ и ЕУ, да предложат акционен план за спроведување на Европскиот столб за социјални права и нови иницијативи за фер мобилност и миграција и социјални транзиции кон јаглеродно-неутрална и дигитална економија. Тие особено треба да бараат нови мерки за затворање на јазот меѓу платите на исток и запад со повисоки плати за сите преку зголемени минимални плати и посилно колективно преговарање“.