- Advertisement -
ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

ЕТУК: Работодавачите ја злоупотребуваат Регулативата за заштитени податоци за да ги порекнат синдикалните права

ЕТУК: Работодавачите - Работник
274views

Напорите да се зголемат платите и да се подобрат работните услови ширум Европа се уназадени од страна на намерната злоупотреба на Европската легислатива за заштита на податоците за да се порекнат синдикалните права, велат од Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК.

Анкетата на ЕТУК спроведена на придружниците на Конфедерацијата за имплементацијата на Генералната Регулација на заштитените податоци – БДПР во земјите членки на Европската унија открила загрижувачки нов тренд на работодавачи кои го злоупотребуваат законот за да ги порекнат синдикалните права за контактирање на работниците додека се на работните места, истакнаа од ЕТУК.

Ова е дел од поголемите напади на синдикалните права во Европа кои го ограничуваат нивото на колетивно преговарање кој е најдобриот начин за постигнување на фер плати и работни услови.

ЕТУК ја повикува Европската комисија да ги заштити синдикалните права, вклучувајќи го и дигиталниот пристап до работните места, како дел од иницијативата за фер минимални плати.

Консултацискиот документ на Европската комисија го опишува колективното преговарање како „есенцијален елемент на социјалната пазарна економија“ и „силен темел за добро поставување на платите“. Но, колективното преговарање не е возможно доколку синдикатите не можат да ги контактираат работниците на нивните работни места, велат од ЕТУК.

„Законите за БДПР беа воспоставени за да се заштитат луѓето од моќта на корпорациите, но сега корпорациите ги злоупотребуваат за да се заштитат од моќта на луѓето. Пристапот до работното место е основно право на синдикатот и во 2020 година тоа значи и дигитален пристап. Без тоа, синдикатите не можат да им дадат на работниците информации што им се потребни за да преговараат колективно со работодавачите за фер плати и услови за работа. Европската комисија треба да ги поддржува и промовира правата на синдикатите, доколку сака да постигне вистински фер плати низ земјите членки“, рече заменик генералниот секретар на ЕТУК, Естер Линч.