- Advertisement -
ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

ЕТУК: Столбот за социјални права на ЕУ треба да има клучна улога во опоравувањето од корона кризата

Планот за закрепнување на ЕУ - Работник
184views

На сослушувањето на Европската комисија кое се одржа денеска по повод иднината на Европскиот столб за социјални права, со заменик претседателот Домбровскис и Комесарот Шмит, генералниот секретар на ЕТУК, Лука Висентини рекол дека „Европскиот столб треба да остане клучна програма на Европската комисија и да биде дел од програмата за економско опоравување на ЕУ. Сите алатки кои и се достапни на ЕУ треба да бидат имплементирани во Социјалниот столб: вклучувајќи ја легислативата, координацијата на економските и социјални политики, како и да се таргетира употребата на буџетот на ЕУ“.

„Очекуваме амбициозен Акциски план кој ќе произведе опопливи бенефиции за Европските работници, вклучувајќи легислативни иницијативи кои ќе осигураат (помеѓу другото), право на фер плата преку колективно преговарање и почитување на националните практики; повеќе транспарентност и родова еднаквост во платите; нови мерки за зајакнување на демократијата на работното место и осигурување на здрави и безбедни работни места; и иницијативи за справување во сиромаштијата во ЕУ“ рекол Висентини.

Advertisement

Тој додал дека социјалната агенда на ЕУ треба да биде поддржана од Европски и национални планови, наведувајќи дека програмата за финансиска помош „SURE“ е добар потег за да се создаде Европска солидарност.

 

Advertisement

Advertisement