- Advertisement -
ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

ЕТУК: Ја осудуваме одлуката Ковид 19 да не се стави во најризичната категорија на биолошки агенси

ЕТУК: Ја осудуваме одлуката Ковид 19 - Работник
179views

Коментирајќи ја одлуката на Европската комисија со која Ковид – 19 не беше ставен во категоријата со најголем ризик во Директивата за биолошки агнеси, заменикот генерален секретар на Европската Кофедерација на синдикати – ЕТУК, Пер Хилмерсон рече:

„Додека ЕТУК го одобрува фактот дека Ковид – 19 вирусот ќе биде вклучен во Директивата за биолошки агенси, ја осудува денешната одлука која доколку ја потврди комисијата, ќе значи дека тој ќе биде агенс кој припаѓа само во втората најризична група. Истражувањта покажуваат дека карактеристките на вирусот ја оправдуваат класификацијата во групата на најризични агенси, не само поради тоа што има недостаток на ефективен третман или вакцина, но поради тоа што работниците кои се во контакт со вирусот, можат да го рашират“, вели Хилмерсон.

Според него, класификацијата на Ковид – 19 во најризичната група ќе им овозможи поголема заштита на вработените во болниците и старечките домови, како и на сите работници кои се во контакт со јавноста. Ќе ја подобри безбедноста и здравјето при работа, но ќе придонесе и за запирање на ширењето на вирусот, а со тоа и на смртноста помеѓу популацијата. Но, откако ќе се открие соодветна вакцина, класификацијата на вирусот треба да се промени.

Advertisement
Advertisement