ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

ЕТУК ја поддржува работата од дома, но предупредува да не се затемни линијата помеѓу професионалниот и приватниот живот

ЕТУК ја поддржува работата од дома - Работник
109views

Синдикатите бараат од работодавачите да го почитуваат правото за дистанцирање, поради тоа што милиони на работници работат од дома и покрај прекинот на карантинот, велат од Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК.

Пред корона кризата, само еден од десет луѓе работеле од дома секојдневно. Но, новото европско истражување покажува дека речиси 40 % од работниците во ЕУ работат од дома за време на корона кризата.

И „телеконференциите“ стануваат трајни со цел да се одржи социјална дистанца во канцелариите – Твитер, Дел и Фејсбук се помеѓу компаниите кои веќе го продолжија или го направија трајно работењето од дома.

ЕТУК ја поддржува работата преку „телеконференции“ за што е можно повеќе луѓе во овие посебни околности, но воедно и се претпазливи кога се однесува на затемнувањето на линијата помеѓу професионалниот и приватниот живот.

Најновите податоци од анкетата на ЕУ за работните услови покажала дека луѓето кои редовно работат од дома:

  • Има повеќе шанси да работат 48 часа или повеќе, неделно отколку оние кои работат во просториите на работодавачот;
  • Шест пати повеќе да работат во нивното слободно време;
  • Оваа група на работници најверојатно би пријавила дека постојано се буди од спиење.

Според Европскиот парламент, овие негативни ефекти се причинети од страна на менаџерското мониторирање, барањата за постојана достапност и затемнети граници помеѓу работата и приватниот живот.

ЕТУК во 2002 година направил договор со работодавачите за регулирањето на „телеконфернциите“ за да им помогне на работниците да го исполнат нивниот работен и социјален живот со поголема автономност. Франција, Италија и Шпанија предложиле правото за дистанцирање да влезе во националната легислатива.