СветСветот на работникотСиндикат

ЕТУК: 42 милиони работни места се во ризик доколку навремено не се усвои пактетот за опоравување на економијата во ЕУ

ЕТУК: 42 милиони работни места - Работник
98views

Повеќе од 42 милиони работни места во Европската унија се во ризик поради пролонгирање на разговорите на Европскиот Совет за планот за опоравување на економијата на ЕУ.

Ова е бројот на работници кои се привремено невработени во ек на корона кризата, вели истражувањето на Европскиот синдикален институт.

Непосредно пред петочниот состанок, Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК вели дека лидерите имаат одговорност да спасат што е можно повеќе работни места со усвојување на пакетот за спасување на економијата од 750 билиони евра кој беше предложен од страна на Европската комија.

Според ЕТУК, 400,000 работници останаа комплетно без работа за само еден месец. Во Северна и Западна Европа невработеноста бележи големо зголемување (Шведска +0,7, Холандија +0,5) заедно со Источна и Јужна Европа.

Покрај спасувањето на работните места, податоците на комисијата покажуваат дека поголемото инвестирање ќе осигура реални плати кои ќе бидат повисоки во следната декада.

„Планот за опоравување има потенцијал да ја врати довербата во Европа која граѓаните ја изгубија во текот на последната криза, со правење на вистинска разлика за животите на работниците, кога таа им е потребна најмногу. Но, поддршката не е добра ако постои само на хартија. Парите треба да стигант до работниците и компаниите навреме за да се направи вистинска разлика“, рече генералниот секретар на ЕТУК, Лука Висентини.

Тој додава дека работниците нема да им се заблагодарат на националните лидери, кои го задржуваат планот кој може да ги спаси нивните работни места, преку бескрајни дисусии. Вели дека тие имаат одговорност да ја направат правилната работа со превенирање на пролонгирањето на уште една економска и социјална криза која има ризик да предизвика политичка криза во ЕУ.

Бројот на работници кои се привремено невработени во секоја земја членка е:

Франција: 11.3 милиони (47.8% од сите работници)
Германија: 10.1 милиони (26.9%)
Итаија:  8.3 милиони (46.6%)
Шпанија: 4 (24.1%)
Холандија: 1.7 (23.2%)
Австрија: 1.3 (31.6%)
Белгија: 1.3 (31.5%)
Романија: 1 (15.3%)
Ирска: 600,000 (30.8%)
Хрватска: 500,000 (34.2%)
Шведска: 500,000 (11.1%)
Полска: 400,000 (3.1%)
Словенија: 300,000 (35.6%)
Чешка: 200,000 (4.6%)
Данска: 200,000 (7.8%)
Луксембург: 200,000 (44.4%)
Португалија: 200,000 (5%)
Бугарија: 100,000 (3.6%)
Финска: 100,000 (4.6%)
Словачка: 100,000 (4.6%)