Синдикат

ЕТУЦЕ со поддршка на СОНК за утрешниот протест

ЕТУЦЕ со поддршка на СОНК за утрешниот протест - Работник
411views

Европскиот комитет на синдикати од образование – ЕТУЦЕ го поддржува протестот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК во утрешниот протест.

Сузан Флокен, Европскиот директор на ЕТУЦЕ рече дека во потполност го поддржува протестот на СОНК со кој цели кон повикување на надлежните органи да се вклучат во социјален дијалог и заедно со СОНК како социјален партнер да изнајдат заедничко решение. Според Флокен социјалниот дијалог е еден од најдобрите начини за да се решат сите постоечки проблеми.

Од ЕТУЦЕ истакнаа дека ќе ја следат ситуацијата во Р. Македонија.