СветСиндикат

ЕТФ: Новата директива на ЕУ не ги опфаќа сите работници

ЕТФ: Новата директива на ЕУ не ги опфаќа сите работници - Работник
45views

Вчера, Европскиот Парламент изгласа нова директива за Транспарентни и Предвидливи работни услови. Главна цел на директивата е да им овозможи на европските работници еднакви можности, социјална заштита, инклузија и транспарентни работни услови. Според Европската Федерација на транспортните работници – ЕТФ, новиот закон ќе придонесе за напредување на правата на некои работници, вклучувајќи ги и оние кои имаат хонорарни договори, како возачите на Убер и доставувачите на храна, кои се вработени преку интернет платформа.

За жал, многу категории работници, вклучувајќи ги рибарите и морнарите, се исклучени од некои одредби и покрај долгата кампања за спречување на оваа дискриминација. Поради тоа, ЕТФ, заедно со Европската Федерација на синдикати од јавен сектор – ЕПСУ, ЕВРОМИЛ и ЕВРОКОП, испратија заедничко писмо до Европскиот Парламент, во кое нагласуваат дека директивата треба да се однесува на сите работници и дека не треба да постојат исклучоци

Целото писмо може да го прочитате на следниот линк