ПравдаСветСиндикат

ЕУ ги охрабрува земјите членки да ја ратификуваат конвенцијата на МОТ за елеминација на насилство врз жени на работното место

ЕУ ги охрабрува земјите членки - Работник
108views

Европската комисија во средата го објави усвојувањето на предлогот за одлуката на Советот која им овозможува на земјите членки да ја ратификуваат Конвенцијата за елеминација на насилството на работно место на Меѓународната организација на труд, на национално ниво.

Имено, само земјите членки можат да ја ратификуваат оваа конвенција бидејќи Европската унија како ентитет не е член на МОТ. Кога инструмент на МОТ ќе допре до јуридистикцијата на Евроската унија, тогаш потребно е Советот да ја одобри неговата имплементација.

Новата конвенција беше усвоена во текот на Конференцијата на МОТ во јуни 2019 година. Кампањата за оваа конвенција била иницирана од жените синдикалки кои се бореле за елеминација на родово базираното насилство на работното место, пред многу години. Оваа конвенција е првата од ваков вид во светот на работата.

Според анкетата за насилство врз жените спроведена од страна на Агенцијата на ЕУ за фундаментални права, 1 на 2 жени во ЕУ рекле дека искусиле некој вид на сексуално вознемирување најмалку еднаш од нивната 15 годишна возраст. Од севкупните сексуални вознемирувања, во 32 проценти од пријавените случаи, причинителот бил некој поврзан со работата на жената (колега, шеф или клиент).