ЕкономијаСветСветот на работникот

ЕУ да понуди нов работнички договор

47views

Иако сè уште не можеме да ги разбереме долгорочните влијанија на пандемијата врз пазарот на трудот, едно е јасно, а тоа е дека работата за многумина останува одвоена од работното место. Европската Унија сега мора да го признае тој факт и да се приспособи на него со донесување нови правила за олеснување на оваа нова работна реалност. Тоа би значело и нов унифициран договор за работа приспособен на оваа мобилна економија.
Сето ова е логична реакција на околностите што ги создадоа владите на ЕУ со своите одговори на епидемијата на ковид-19. За да се ограничи ширењето на коронавирусот, владите побараа од компаниите и работниците да избегнуваат собирање на работните места. Распространетото работење од дома се покажа изводливо и продуктивно. Според едно истражување објавено во април, речиси 40 отсто од работниците во ЕУ почнале да работат од дома како резултат на епидемијата.

Повеќе прочитајте Нова Македонија