ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

ЕУ исплатила 14 милијарди евра помош за девет држави: Еве кој колку доби

ЕУ исплатила 14 милијарди - Работник
60views

Европската комисија исплатила 14 милијарди евра за девет земји на Европската унија во рамките на вториот пакет на помош за зачувување на работните места. 

Хрватска добила 510 милиони евра, Кипар 250 милиони евра, Грција две милијарди евра, Италија дополнителни 6,5 милијарди евра, Летонија 120 милиони евра, Литванија 300 милиони, Малта 120 милиони, Словенија 200 милиони и Шпанија дополнителни четири милијарди евра. 

Во прашање е помош во рамките на инструментот „Шур“ за покривање на трошоците кои се директно поврзани со финансирање на националните шеми на ограниченото работно време и слични мерки вовоедени како одговор на пандемијата од коронавирусот. 

Пари за овие потреби ЕУ обезбедила со продажба на обврзници на меѓународниот пазар на капитал. 

На крајот на октомври, Италија, Шпанија и Полска веќе добиле вкупно 17 милијарди евра според оваа шема. 

Предвидено е вкупно, како финансиска поддршка за зачувувањето на работните места, Хрватска да добие милијарда евра, Кипар 479 милиони, Грција 2,7 милијарди, Италија 27,4 милијарди евра, Летонија 192 милиони, Литванија 602 милиони, Малта 244 милиони, Словенија 1,1 милијарди и Шпанија 21,3 милијарди евра.