- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

ЕУ одобри помош од четири милијарди евра за „Ер Франс“

ЕУ постигна договор - Работник
151views

Европската комисија денеска одобри помош од четири милијарди евра за помош на „Ер Франс“ за докапитализација на авиокомпанијата, која е во криза поради пандемијата.

За возврат на таа помош „Ер Франс“ се обврза да отстапи слотови на пребукираниот аеродром во „Орли“ во Париз.

„Ова ќе им даде можност на конкурентските превозници да ги прошират своите активности на овој аеродром“, изјави европскиот комесар за конкуренција, Маргрет Вестагер.

Францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер, изјави дека вкупно 18 слотови, односно термини за слетување и полетување, се дадени на други компании.