- Advertisement -
МагазинНовости

ЕУ СЕ ИЗЈАСНИ ЗА КОВИД ПАСОШИТЕ: Дали ова ќе биде нов патнички документ за сите граѓани во светот?

77views

Вчера на видео конференција, лидерите на земјите-членки на ЕУ дискутираа на прашањето за сертификати за вакцинација и заклучија дека во овој момент не може да се зборува за нивна употреба како патнички документ.

– „Сертификатите како документ за вакцинација се медицинска потреба што е веќе стандардизирана во светот. Дополнително треба да се разгледа прашањето за што можат сертификатите за вакцинација да се користат – рече претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел.

Advertisement

Тој напомена дека во ЕУ, во иднина, подетално ќе се дискутира за различна употреба на сертификатот за вакцинација.

За евентуално воведување на сертификати за патнички цели, или тнк. ковид-пасоши, не бил постигнат консензус, и на таа тема ќе бидат потребни дополнителни разговори.

Advertisement
Advertisement