ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

ЕУ ја издаде втората обврзница за помош на работниците во висина од 14 милијарди евра

ЕУ ја издаде втората обврзница - Работник
69views

Европска комисија во име на Европската Унија ја издаде втората социјална обврзници во вкупна вредност од14 милијарди евра со цел да ги заштити работниците и работните места погодени од последиците од пандемијата со Ковид-19.

– Пазарот повторно ни даде доверба пропратена со силен интерес од инвеститорите и поволните услови, што е прекрасна вест за ЕУ како издавач и заемопримач, за пазарот на социјални обврзници, а пред се за граѓаните на ЕУ, кои ќе ја добијат потребната финансиска поддршка за овие тешки времиња, изјави еврокомесарот за буџет Јоханес Хан.

Издавањето се состои од две обврзници, со отплата од осум милијарди евра во ноември 2025 и шест милијарди евра за отплата во ноември 2050 година.

ЕК кон крајот на октомври издаде воведна социјална обврзница во износ од 17 милијарди евра, средства кои ги поделија Италија, Шпанија и Полска.