ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Железницата е блокирана: 3,000 канадски железнички работници се во штрајк

Железницата е блокирана - Работник
159views

Околу 3,000 работници на Канадската државна железница, на највисокиот железнички оператор во земјата, стапиле денеска во штрјк поради неуспехот во преговорите со менаџментот за новиот колективен договор, соопштил синдикатот „Тајмстерс Канада“.

„Кондуктерите, возачите и работниците на одржување на возовите и пругата на Кандската национална железница сега официјално се во штрајк“, објавил синдикатот на Твитер, пренесува агенцијата Ројтерс.

Канада која е еден од најголемите светски извозници на земјоделски производи, се потпира на своите две главни железнички компании за превоз на маслени репки (канола) и пченица на голема далечина – од фармите на западниот дел на земјата до пристаништето. И превозниците на сурова нафта од Алберта се повеќе користат возови за испорака на нафтата до американските рафинерии како алтернатива за пребукираните нафтоводи.

Портпаролот на „Тајмстерс“ синдикатот, Кристофер Монет во понеделникот изјавил дека штрајкот настанал поради тоа што работниците во преговорите „наишле на ѕид“ кога се работи за прашањата важни за здравјето и безбедноста при работа.

Претходниот колективен договор истекол на 23 јуни.