СветСветот на работникотСиндикат

Железничките работници во Велика Британија ќе протестираат низ 30 градови

Железничките работници - Работник
35views

Најголемиот железнички синдикат во Велика Британија планира серија на протест на денот кога ќе бидат најавени зголемените возарини.

Членовите на синдикатот на железничарите, морнарите и транспортните работници (РМТ) ќе демонстрираат пред повеќе од 30 станици во Кардиф, Лондон, Бирмингам, Единбург, Ливерпул, Бристол и Манчестер.

Синдикалните активисти ќе ги засилат барањата кон железницата во државна сопственост за време на протестот закажан за 14 август (среда).

Генералниот Секретар на РМТ, Мик Кеш рече: „Активистите и поддржувачите на РМТ ќе побараат нашите железници да работат на поекономичен и попристапен начин, а не за остварување на приватен профит“.

„Секоја година се трошат милиони на фунти од системот, од кој профитираат приватните акционери, наместо тие пари да бидат реинвестирани во мрежата.“

„Само 10 проценти од станиците се полни со работници, а сепак патниците во Велика Британија ги плаќаат едни од најскапите возарини во Европа.“

„Зголемувањето кое е најавено за овој месец ќе направи само железничката мрежа да биде помалку дозволива за патниците“.

„Приватизацијата не нуди одржлива железничка мрежа – потребна ни е железничка мрежа која ќе биде во сопственост на државата.

Се шпекулира дека зголемувањето на возарините ќе биде за околу 2,7 проценти, со што ќе се додадат плус 100 фунти трошок за сезонските карти на стотици илјади патници.