- Advertisement -
Магазин

Уапсена е жена затоа што испратила пратка со отров до Доналд Трамп

Жена е уапсена затоа што испратила пратка со отров до Доналд Трамп - Работник
181views

Американската полиција уапси жена осомничена за испраќање пакет со отров рицин до претседателот Доналд Трамп.

Жената е уапсена кога се обидела да влезе во САД од Канада, соопштија американските власти.

Уапсената жена имала и пиштол со себе, пренесува Си-Ен-Ен во објавата на надлежните органи, додавајќи дека наскоро против неа ќе биде покренато обвинение.

Пакет што содржел отров рицин бил испратен до претседателот Доналд Трамп, а полицијата го пресретнала претходно оваа недела, пред да биде доставен до Белата куќа.

Рицин е високо токсично соединение извлечено од рицинусово зрно кое се користи во терористички напади. Може да се користи во форма на прав, гас или киселина.