Правда

Жена инспекторка во Пакистан истражила 200 случаи на сексуална злоупотреба за 3 години

Жена инспекторка во Пакистан истражила 200 случаи на сексуална злоупотреба за 3 години-Работник
264views

Првата жена полициски офицер во областа Пакпартан во Пакистан истражила 200 случаи на силување за само три години. Повеќето истраги овозможија обвинителни пресуди и ги ставија виновниците зад решетките.

Кулшом Фатима беше назначена за главен полициски инспектор пред два месеци. Сепак, таа три години настојуваше да се справи со грозоморното злосторство на сексуална злоупотреба врз жените и малолетни лица, уште од моментот кога таа беше назначена за под-инспектор. Во овој мал период, таа манифестираше неверојатни резултати.

„Секој виновник на ваквите случаи е уапсен и изведен пред лицето на правдата со обезбедување докази на судот“, вели Фатима. Во интервју за британскиот радиодифузен канал (ББС), таа рече дека инцидентите на сексуална злоупотреба на малолетни девојчиња отсекогаш ја лутеле, но таа во тоа време не била во можност да стори ништо.

Таа рече дека сака да биде во позиција каде што може да направи нешто за малите девојчиња. „Добив можност. Бев назначена за под-инспектор во полицијата во Пенџаб по положувањето на бараниот испит“.

Фатима рече дека и е доделена  задача што отсекогаш сакала да ја врши. Да ги испита случаите што се однесуваат на жени и малолетни девојчиња. Окружниот полициски офицер Пакпатан, Ибадат Нисар ја назначил Фатима за полициски офицер во полициската станица Далоријам. Тој рече дека назначувањето на жени полицајци во полицијата во Пакпатен ќе помогне во распределбата на правдата на луѓето.