Жените во Шпанија добија три дена менструално отсуство месечно

Она што беше најавено претходно, сега конечно се реализира – Шпанија гласаше за три дена менструално отсуство месечно за сите жени.

Оваа шема, прва од ваков вид во Европа, значи дека жените можат да поминуваат три дена месечно, кога навистина не им е до работа, како што сакаат додека телото не се врати во нормала. Тоа е тема за која не се зборува толку често, или воопшто, а Шпанија сака да го промени тоа.

Овој закон е само дел од поширокиот план за промена на законите поврзани со репродуктивното здравје, со што отсега девојчињата на 16 и 17 години ќе можат да абортираат без согласност од родителите.

Дополнително, ќе се отстрани и ДДВ за санитарните производи, а ќе се обезбеди јавен фонд за хормонални контрацептиви и таблетите „утрото потоа“.

Иако ова е единствениот закон од ваков тип во Европа, нешто слично е веќе во сила во неколку азиски земји, меѓу кои Јужна Кореја, Тајван и Јапонија, каде што еден таков закон беше донесен во далечната 1947 година.

Извор: vecer.press