- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Жените до крајот на годините работат „бесплатно“ во однос на мажите

Жените до крајот на годините - Работник
93views

Завршната конференција на еу проектот „Еднакви права – еднакви плати – еднакви пензии“ предупредила на социјалниот проблем со родовиот јаз помеѓу мажите и жените.

Според податоците достапни на хрватскиот завод за статистика, мажите во оваа земја просечно заработуваат околу 1,170 евра, а жените околу 1,020 евра. 

Наведените податоци укажуваат на просечен јаз во платите од 12,74 %, изнела Правобранителката за рамноправност на половите и главна во проектот, Вишња Љубачиќ на почетокот на оналјн конференцијата. 

Конференцијата се одржува во месецот во кој се одбележува и Денот на еднаквите плати. Оваа година тој ден беше 10 ноември, од кога симбилично се пресметува дека во просек жените, за разлика од мажите, до крајот на годините повеќе не примаат плата, бидејќи работат „бесплатно“. 

Проектот „Еднави права – еднакви плати – еднакви пензии“ се спроведува од 1 октомври 2018 до 31 декември 2020 година, а низ истражувањата и анализите се добиени нови знаења со кои се тежи кон подобро разбирање на причините и последиците на јазот во платите и пензиите. Креирана е едукативна програма, како и стандарди и мерки за намалување на јазот во платите и пензиите, пишува Т портал. 

Така потребно е да се донесат и применуваат стандарди како мерки за транспарентност на платите во сите дејности, дефинирања и обеднување на механизмите за следење на платата, а кога е во прашање родовиот јаз во платите потребно е страндардизирано да се користи во процесите на колективното преговарање. Потребно е да се воведуваат и позитивни мерки како воведување на родово балансирани структури на вработени со цел да се отстранат хоризонталните и вертикалните сегрегации, односно да се воведат родови квоти во праксата на вработување, кога има напредување, да има и зголемување на платите во доминантно женските професии.  

Помеѓу другото, потребно е да се воведе и „татковско“ отсуство и унапредување на системот на родителско отсуство, како и креирање на политики со цел рамноправно ангажирање на татковците во родителството и осигурување на меѓуресорниот пристап. Со тоа, потребна е поголема достапност на предучилишни програмаи со прилагодување на организацијата на работното време на предучилишните установи според потребата на вработените родители. Потребно е и унапредување на системот на јавни услуги за постарите и другите членови на семејството на национално и локално ниво со оглед на тоа дека жените, освен за децата, често водат грижа и за постарите членови во семејствата. 

Advertisement