Жените лидери ги напуштаат своите позиции – На што се должи тоа?

Мажите и понатаму остануваат „резервирани“ за највисоките позиции во деловниот свет, додека жените кои и да дојдат до водечките позиции, се сретнуваат со непочитување на авторитетот во корист на машките колеги. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето кое го спровела компанијата McKinsey&Company, пренесува CNN.

Во анкетата учествувале повеќе од 40,000 вработени во 55 компании, а истражувањето било спроведено во комбинација со податоците од 333 компании. Заедно, резултатите се одраз на повеќе од 12 милиони вработени во САД и Канада.

Во 60 % од случаите менаџерите се мажи

Извештајот покажал дека на секои 100 мажи кои напредувале на менаџерска позиција, само 87 жени напредуваат по истата скала. Севкупно, 60 % од менаџерите, според податоците, се мажи.

„Веќе осма година по ред, жените се закочени уште на првиот чекор кон менаџерските позиции. Како резултат на тоа, мажите значајно ги надминуваат жените по бројот на менаџери, а жените никогаш не можат да ги стигнат. Едноставно има премалку жени кои би се унапредиле на раководни позиции“, се истакнува во истражувањето.

Деградацијата по боја на кожа е и тоа како присутна во светот на бизнисот. Секоја четврта раководна позиција е резервирана за жена, а само една од нив 20 е со друга боја на кожата.

„И покрај скромното зголемување на застапеноста во повиското раководство во последните осум години, жените, а особено тие од друга раса и понатаму се драматично недоволно застапени во корпоративна Америка“, вели извештајот.

Микроагресијата најчесто е упатена кон жените

Утврдено е дека 37 % од жените лидери (на менаџерски и високи позиции) изјавиле дека имале колеги кои презеле заслуга за нивната идеја, во споредба со 27 % од мажите лидери.

Двојно е поголема можноста жените лидери да бидат заменети од некој помлад колега.

За црните жени лидери условите се уште полоши. Студијата открила дека веројатноста  колегите да речат или имплицираат дека не се квалификувани за својата работа од жените воопшто, е за 1,5 пати поголема.

Од анкетираните жени лидери, 40 % рекле дека нивната различност, еднаквост и напорите за инклузија не се признаени во нивната успешност.

biznis, poslovni intrevju sastanak razgovor za posao zena zene direktorka

Фото: Shutterstock

Жените почесто ги напуштаат лидерските позиции

Отприлика половина (49 %) од испитаните жени лидери изјавиле дека флексибилноста е меѓу трите нивни главни услови кога одлучуваат да се придружат или да ја напуштат компанијата, во однос на 34 % од мажите лидери.

Исто така, веројатноста жените лидери да ја напуштат работата за да побараат позиција кај работодавач кој е повеќе посветен кон разноликоста, еднаквоста и инклузијата.

„Жените лидери ги напуштаат своите компании повеќе од кога и да било“, забележуваат авторите на студијата.

Меѓу анкетираните жени, помладите од 30 години, поточно две третини од нив, изјавиле дека би биле заинтересирани за напредок на работа каде лидерите ја покажуваат рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот кои тие ја бараат за себе.