Економија

Жените се пообразовани од мажите, но се 3 пати помалку на раковдни позиции

Жените се пообразовани - Работник
118views

Пообразувани, но помалку платени и на пониски позиции се жените во Македонија. Само 2,6% водат сопствен бизнис, истакна министерката за финансии на средбите во Вашингтон.

За поголем економски раст и одржлив развој, неопходна ќе биде нивна поголема вклученост во деловниот сектор.

Според истражувењето кое го направи невладината организација  Реaктор, 59%  од дипломираните студенти се жени, исто толкав процент се магистри на науки, 57 осто  доктори на нуки, но 75 проценти од работодавците се мажи.

За поголема вклученост на жените, неопходно  е да се тргнат системските бариери  и да се напушти традиционалниот модел, каде од  жената се очекува да биде само домаќинка

Стериеотипи постојат и за вклученост на жените во политиката. Освен во Собранието, каде законски е утврдено 30% од народните избраници да бидат жени, во другите позици, состојбата е поразителна

Власта се залага за поголема ввклученост на жените, но податоците покажуваат дека од 21 раководна позициja на само 4 се жeни,  додека пак во локалната самоуправа, 75 се градоначалници, а со  6 општини управуваат жени.

Извор: Сител