НаукаСветот на работникот

Жените се попродуктивни во потопли канцеларии

Жените се попродуктивни - Работник
57views

Работодавачите би можеле да ја подобрат ефикасноста со зголемувањето на температурите на работните места, покажало истражувањето по кое жените се поефикасни во топли канцеларии.

Од друга страна, кај мажите не покажало толку изразно дека висината на температурите во канцеларијата влијае на нивната продуктивност на работа.

Научниците од Универзитетот во Јужна Калифорнија утврдиле дека жените биле поуспешни во вербални и математички задачи во потполи канцеларии. Кај мажите завршувањето на истите задачи се поправило на пониски температури, но кај нив врската помеѓу температурата во канцеларијата и учинокот била многу помалку изразена отколку кај жените.

Авторите на истражувањето навеле дека температурите во канцелариите морале значајно да се зголемат над сегашните стандарди за да би се зголемила продуктивноста на работните места на кои работат вработените од двата пола.

Во истражувањето спроведено во Берлин учествувале повеќе од 500 студенти.

Во рамките на истражувањето спроведени се три различни временски ограничувања на тестирањето во подрачјето на математиката, вербалните вештини и когнитивните функции, а успехот на тестот како награда имал и финансиска награда.

Тестовите се спроведени на различни канцелариски температури од 16, 1 до 32,7 степени.

Научниците утврдиле дека постои врска помеѓу температурите во канцелариите и успехот на математичките и вербалните тестови, додека температурата во канцеларијата немала никаков ефект на когнитивните функции, како кај жените, така и кај мажите.

Водачот на истражувањето, професорот Том Ченг рекол дека во рамките на разликите во температурите воочена е разлика во продуктивноста.

„Од порано познато е дека жените сакаат потопли работни простории од мажите. Но, она што го откривме е дека не се работи само за тоа дали се чувствувате удобно или не, туку и дека вашата продуктивност зависи од тоа“, рекол Ченг.

Истражувањето покажало дека жените се најпродуктивни во канцелариите во кои температурата е помеѓу 21, 26 Целзиусови степени, додека мажите се попродуктивни во канцелариите во кои температурата е под 21 степен.

Според ова истражување, оптималната температура во канцелариите би била околу 24 Целзиусови степени.