Жителите на Ѓорче Петров излегуваат на протест поради загадениот воздух
Жителите на Ѓорче Петров излегуваат на протест поради екстремно загадениот воздух во општината. Тие велат дека и покрај јавните повици досега не добиле никаков одговор од надлежните институции.
И покрај тоа што повеќе пати се известуваше за екстремното загадување, сепак ништо не се презема. Жителите сметаат дека депонијата е канцер на целата општина која не престанува да шири загаденост низ општината.
ПРОТЕСТ ! ПРОТЕСТ ! ПРОТЕСТ ! ПРОТЕСТ !
УТРЕ, САБОТА, 07-МИ ДЕКЕМВРИ, 12 ЧАСОТ.
НА ВЛЕЗОТ НА ДЕПОНИЈАТА ОД СТРАНА НА НОВО СЕЛО ул. 5 (100 метри после ”Тројка” – види фото)Ги повикуваме сите здруженија, граѓански организации и граѓани да ни се приклучат на ПРОТЕСТОТ !
Самиот ПРОТЕСТ ќе се одржи на влезот на депонијата која е најголем загадувач на Ѓорче Петров !
НЕ СЕ ДИШЕ ! Да се расчисти комплетно оваа депонија која е КАНЦЕР на Ѓорче Петров ! Да се забрани пристап до неа и одложување отпад !
Да покажеме утре дека не може екологијата и животната средина да се третира како второстепено прашање !Правила на протестот:
1. Според Законот за јавни собири за време на протестот не смее да се консумираат опијати.
2. ЗАБРАНЕТО е користење на говор на омраза, националистички и партиски реторики и симболиДојди заедно да кажеме НЕ на загадувањеро на воздухот и негрижата на институциите за животната средина ! Да кажеме НЕ на 3500 смртни случаи годишно директно поврзани со аерозагадувањето !
- Дизелот повторно поскапува - 20/06/2025
- Жена се породила во подгорички маркет: Херојството на работничката Оливера - 20/06/2025
- ТОП СЕЗОНСКИ РАБОТИ: Дневници до 80 евра - 20/06/2025