- Advertisement -
ЗанимливостиМагазин

Забележан е чуден симптом кај луѓето кои се опоравуваат од корона вирусот

188views

Луѓето кои подолг временски период се опоравуваат од корона вирусот како и оние кои веќе го прележале, изјавија дека чувствуваат непријатни мириси на риба и сулфур.

Овој феномен е познат како парозмија, што значи нарушување на сетилото за мирис и е најизразен кај младите и здравствените работници.

Професорот Нирмал Кумар по оториноларингологија сметка дека симптомот е многу чуден и уникатен. Кумар беше меѓу првите лекари кои во март ја идентификуваа анозмија или губењето на мирис, како еден од симптомите на инфекција со коронавирусот. 

Тој наведе дека дел од пациентите кои биле позитивни на вирусот, чувствувале мирис на риба, додека други пак чувствувале мирис на чад, иако во близина немало чад.

Кумар објасни дека Ковид 19 е „невротропен вирус“, односно вирус кој го напаѓа нервното ткиво и влијае на нервите на врвот на носот, што претставува шок за нервниот систем.