Заболени 17,1 процент од медицинскиот персонал – КОВИД-19 во офанзива на болниците
Вкупно 214 здравствени работници се заболени од КОВИД-19. Тоа е 17,1 од вкупниот број на медицински лица во државата, покажуваат официјалните податоци на Институтот за јавно здравје.
Се повеќе медицински персонал, лекари, медицински сестри, болничари се заразуваат со коронавирусот. Овој тренд секој ден е се поизразен. Покрај заболените, во самоизолација од 14 дена заминуваат и сите вработени кои со нив имале контакти на работните места. Болниците се празнат, се прави реорганизација на кадарот.
На Клиниката за онкологија каде што има 8 заболени лекари, медицински сестри и 2 транспортерки, во изолација се уште 20 други вработени. На Клиниката за детски болести каде што има заболена докторка, медицинска сестра и лаборант, во изолација се 26 други вработени. На Клиниката за пулмологија заболени се седум здравствени работници, три докторки и 4 медицински сестри. Сите што биле во близок контакт со нив се во изолација.
Околку 15 вработени се во изолација и болницата во Битола, а така е и во сите здравствени установи каде што има заболен персонал.
Повеќе прочитајте на нова тв.мк

