Правда

Заврши дводневната дебата за законот за заштита при работа

Заврши дводневната дебата за законот за заштита при работа - Работник
562views

Вчера заврши дводневната дебата, на која учествуваа Македонското здружение за заштита при работа, во соработка со Организацијата на Работодавачи и Сојузот на синдикати на Македонија -ССМ и Конфедерацијата на синдикати на Македонија – КСС

Дводневната дебата беше во рамките на проектот: „Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето на одлуки како поддрша на државата во процесот на пристапување кон Европската Унија“. Дебатата беше организирана од EuropeAid и целта беше на неа да се разгледаат недостатоците во постоечкиот закон за заштита при работа и да се најде решение како да се надминат тие недостатоци, да се измени законот или да се направи нов, за да се прилагоди на македонската регулатива.

Дебатата ја водеше Др. Агим Шаќири, експерт во областа, а како излагачи учествуваа видни професионалнци, како инспектори и практичари од областа на безбедноста и здравје при работа. Сите учесници дале свои предлози за членовите во законот за заштита при работа, кои ќе бидат доставени до Министерството за труд и социјална политика.

Дебатата се одржа во хотелот Дрим, во Струга.