Наука

Загадувањето на воздухот животот просечно го крати за три години, велат научниците

Загадувањето на воздухот - Работник
314views

Пандемијата од загадувањето на воздухот просечно живтот го крати за три години и предизвикува 8,8 милиони предвремени смртни случаи годишно, објавиле научниците.

Според студијата објавена во списанието Cardiovascular Research, отстранувањето на токсичните коктели на молекули и честички кои ги „затнуваат“ белите дробови, а кои се резултат на согорување на нафтата, гасовите и јагленот, просечно би вратиле цела година од животот.

„Загадувањето на воздухот е поголем јавноздравствен ризик од пушењето“, наведува водачот на истражувањето, Јос Леливелд од институтот Мах Планк во германскиот град Мајнц за АФП.

„Многу работи можат да се избегнат со замена на фосилните горива со чиста обновлива енергија“.

Загадувањето на воздухот убива 19 пати поголем број на луѓе секоја година од маларијата

Во споредба со другите причинители за прерана смрт, загадувањето на воздухот убива 19 пати поголем број на луѓе секоја година од маларијата, девет пати повеќе од ХИВ/СИДА и три пати повеќе од алкохолот, утврдила студијата.

Срцевите болести и мозочните удари се одговорни за речиси половина од тие смртни случаи, а белодробните болести и другите незаразни болести, како дијабетесот и зголемениот крвен притисок се однесуваат на поголем дел од останатите смртни случаи.

Само шест проценти од прераниот морталитет е резултат на рак на белите дробови кој е резултат од загадениот воздух.

Околу две третини од предвремените смртни случаи можат да се препишат на загадувањето

Во некои делови од тие земји данокот од токсичниот воздух е уште поголем, покажале други истражувања.

Во индиската покраина Утар Пардеш, дом на 200 милиони луѓе, малите честички од загадувањето сами по себе го кратат очекуваното траење на живтот за 8,5 години, додека во кинеската покраина Хебеи во која живеат 74 милиони луѓе загадувањето одзема просечно речеси шест години од животот, вели индексот на поврзаноста помеѓу квалитетот на воздухот и траењето на животот кој го развил тим на научници од институтот за енергетска политика во Чикаго.

Животите во Африка се исто скратени за просечно 3,1 година, а луѓето во некои држави како Чад, Сиера Леоне, Нигерија или Брегот на Слоновата Коска губат од 4,5 до 7,3 години.

Во побогатите држави, како Бугарија, Романија и Унгарија има најголемо загадување.

„Се покажува дека околу две третини од предвремените смртни случаи можат да се препишат на загадувањето кое е настанато од човекот, во главно поради трошењето на фосилните горива“, рече Мунзел.

„Тоа се зголемува до 80 проценти во побогатите држави“, додава тој.

„5,5 милиони смртни случаи во светот можат да се избегнат“.

Најмалку се погодени двете Америки, западна и северна Европа

Морталитетот кој не може да се избегне е резултат на природните појави како шумските пожари или бурите кои пренесуваат ситни честички и прашина, а кои ги погодуваат средишна Азија или северна Африка.

Научниците истакнуваат дека ефектите на двата природни феномени се зајакнати поради климатските промени предизвикани од човекот.

Најмалку погодени региони се северна и јужна Америка, западна и северна Европа и малите островски држави.

Бројот од 8,8 милиони предвремени смртни случаи поради загадување на воздухот секоја година претставуват дупло поголема процена од онаа која ја направила Светската здравствена организација (СЗО).

„Ефектот од загадувањето на воздухот на крадиоваскуларниот и другите незаразни болести многу е потценет“, објаснува Лелиевлед.

Загадувањето на воздухот ги оштетува крвните жили со предизвикување на силен оксидативен стрес кој води до пореметување на крвниот притисок, дијабетесот, мозочен или срцев удар или ослабнување на срцето.

Во Кина предвремено умираат 2,8 милиони луѓе

Новата процена за Кина е дека има 2,8 милиони смртни случаи годишно, што е 2,5 пати повеќе од процените на СЗО.

Научниците велат дека не постојат знаци во Индија, Кина и другите растечки економии дека овие луѓе се неотпорни на загадениот воздух.

„Свеста дека загадувањето на воздухот е голем здравствен ризик може да придонесе за подговтвеност полека да се укинуваат фосилните горива, а тоа може да помогне и во напорите да се намали глобалното затоплување“, вели Лелиевелд.

За да се процени влијанието на загадувањето на воздухот на очекуваното траење на животот, научниците  ги примениле податоците од изложеноста на микрочестичките и озонот за 2015 година, на симулациски модели за интеракција на хемиските процеси во атмосферата со природни и вештачки загадувачи.