МакедонијаСветот на работникот

Загинат градежник при пад од покрив во Струшко

Загинат градежник при пад од покрив во Струшко - Работник
333views

На 27.07.2019 година околу 14,50 часот во Струга пријавено е дека од покрив на објект сопственост на приватна фирма што се наоѓа во индустриската зона на магистралниот пат Струга – Ќафасан,  од висина од околу 8,5 метри паднал работникот В. С. (48) од Скопје и починал.

Увид на лице место извршила увидна екипа од  Струга, а од страна на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција, соопшти МВР.

Извор: Канал 5