- Advertisement -
ЗанимливостиМагазин

Загрепчанка прашале што мисли за 2020 – Нејзиниот одоговор ги СРУШИЛ социјалните мрежи

Загрепчанка прашале што мисли - Работник
620views

Била и да не се повтори веќе. Денеска зачекоривме во Новата, 2021 година и на прашање за минатата, најверојатно дека никој нема убави зборови за неа, за што сведочи и снимката на анкетата од Загреб. Имено, кога новинарката на РТЛ прашала млада сограѓанка што мисли за 2020 година, нејзиниот одговор кој отишол во етер, станал вирален хит на социјалните мрежи. 

„Каква е оваа 2020?“, гласело прашањето на новинарката на РТЛ за случајната миниувачката која со сопругот и децата шетала на една од главните загребски улици за шетање.

А, потоа следувал одговорот на нејзината сограѓанка. 

„Патење и беда. Морбидно. Центарот на градот, Калча, една од најубавите улици во Загреб, празна. Ги слушам сопстввените мисли, луѓето бегаат едни од други. Се гледа во кровови, во згради. Ужас“, рекла таа, додека нејзиниот сопруг со децата отишол еден чекор понапред. 

Ако во предвид го земеме она што глобалната пандемијата од коронавирусот ни го донесе, како и земјотресите кои се случија во Хрватска, тогаш популарноста на одговорот на оваа Загребчанка, воопшто не чуди.