Uncategorised

Задолжително земајте примероци од договорите за вработување, еве зошто

   Време за читање 1 минута

Автор: Бобан М. Илијевски

Пред два дена во медиумите излезе еден текст објавен од Локал Актив во кој се објавија фрапантни податоци. Имено, четири работници до Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ пријавиле дека договорите што ги потпишале биле на определено време, и пазете сега – на нула месеци. Ова значи дека работодавачот може да му даде отказ на работникот кога сака, што е случај со овие работници.

Според Кристина Ампева, ова е досега невидена манипулација, со која директно се крши Законот за работни односи.

Од Агенцијата за вработување не гледаат ништо спорно во ова, објаснувајќи дека немаат увид во договорот за вработување, па оттаму не можат да бидат надлежни за тоа што стои во него.

Тука би сакал да упатам еден апел до сите работници да внимаваат што потпишуваат и задолжително да земат примерок од договорот за вработување. Добро е и од Агенцијата да побараат М1М2 образец. Доколку во некој од овие документи стои дека се вработени на нула месеци тогаш би требало да му се обратат на работодавачот, да пријават во Државниот инспекторат за труд или да се обратат до некои од синдикатите или здружението.

Бобан М. Илијевски

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и главен и одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *