ЕкономијаМакедонијаПравда

Задругите станаа акционерски друштва, за нови членови бараат по 1.000 евра

Задругите станаа акционерски друштва - Работник
132views

Земјоделците немаат доверба во земјоделските задруги.Клучниот проблем кај задругите е тоа што тие се затворени. Членовите ги гледаат задругите како свое акционерско друштво. Велат јас вложив 5.000 евра и ако сакаш да станеш член треба да дадеш по 1.000 евра на сите пет члена. Концептот на задругарство треба да биде малку поинаков. Суштината на задругарството е демократскиот капацитет, ако немаат демократски капацитет нема да се развиваат

Постои несигурност и недоверба на земјоделците за здружување во задруги. Македонските земјоделци сè уште мислат дека ако го дадат земјиштето во задруга друг ќе располага со нивниот имот и со нивните пари. Задругите во државата се затворени и тешко примаат нови членови и за членство бараат пари што е во спротивност со нивната цел, здружување на земјата и производството, набавка на поевтини препарати, полесна продажба и поголема конкурентност на производите. Ова се главните причини поради кои во државата има само околу 40 земјоделски задруги

„Клучниот проблем кај задругите е тоа што тие се затворени. Членовите ги гледаат задругите како свое акционерско друштво. Велат јас вложив 5.000 евра и ако сакаш да станеш член треба да дадеш по 1.000 евра на сите пет члена. Концептот на задругарство треба да биде малку поинаков. Суштината на задругарството е демократскиот капацитет. Ако немаат демократски капацитет нема да се развиваат. Вие имате задруга која речиси десет години има ист број на членови. Тоа не е задруга тоа е приватен бизнис“, вели министерот за земјоделство Трајан Димковски, пишува Зелена берза.

Целосниот текст прочитајте го тука