- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Заев најави ребаланс и нов пакет за поддршка на компаниите

209views

Премиерот Зоран Заев на денешниот настап на МТВ најави ребаланс на буџетот. Тој посочи дека државата има на располагање 150-200 милиони евра, но, како што рече, ќе бидат потрошени зависно од потребите. Тој најави уште еден пакет на мерки за поддршка на компаниите.

Ќе следи лепеза на мерки, ако компаниите се стабилни ќе има кој да го полни буџетот… Државата има свој резервоар во девизните резерви обезбедени од кредитите. Веќе се скрати една милијарда од непродуктивни трошоци, се што беше неопходно беше одложено. Трет елемент се заштедите, на пример нема настава и не треба да се плаќа превоз на ученици. За да се регулира сето тоа ќе има ребаланс – рече Заев.

Advertisement

Тој апелираше дека сите изречени казни, реферирајќи на оние што користеа државна помош во ковид-кризата а не ги исполнија обврските кон вработените, да се извршат.

Advertisement

Advertisement
Advertisement