- Advertisement -
ЕкономијаНовости

Заев на Самитот „Економист“: Со заедничка соработка до економски просперитетен Балкан на 21 век, интегриран во ЕУ

Заев на Самитот „Економист“ - Работник
252views

Економскиот напредок на Западен Балкан во пост-ковид периодот, јакнењето на соработката во регионот, ЕУ и САД, како и иднината на земјите од Западен Балкан во овој контекст, беа темите во фокусот на отворањето на вториот Самит за Западен Балкан „Промовирање на инклузивноста и солидарноста на Европа“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на „Економист“.

Премиерот Зоран Заев, кој го отвори самитот, рече дека од голема важност е заедно да ги дискутираме прашањата за идните чекори кои ќе не водат до повисок раст на економиите, за реформите и нивно спроведување, за конкурентноста, социјалната кохезија, финансиските системи, бизнис партнерствата и сето тоа во контекст на нашиот заеднички пат и визија кон ЕУ.

– На самитот на „Економист“ во Атина, што се одржа во јули оваа година, ја истакнав важноста од економски просперитетен Балкан на 21-от век, интегриран во Европската Унија. Тоа се постигнува исклучиво со заедничка соработка со државите од регионот, Европската Унија, САД и сите пријателски држави, со посветена работа и верба во подобра иднина.

Заев истакна оти е горд што Северна Македонија постигна договор со Грција и што денес сме членки на НАТО.

-Тоа значи сигурност и безбедност, како и можност за економски развој, инвестиции и економски просперитет. Нашата држава ги исполни сите услови за почеток на преговорите за членство во ЕУ, што е безусловно потврдено од страна на Европската Комисија. Се заблагодарувам на сите држави членки на ЕУ кои ни ја даваат безрезервната поддршка во овој процес, а посебна благодарност за премиерот на Грција за поддршката особено во последните неколку месеци, и за континуираната поддршка на САД, рече Заев.

На Самитот, истакна Заев, ќе се разговара за теми коишто ја засегаат Северна Македонија, Западен Балкан, како и светот, особено кога станува збор за економски напредок во пост-ковид периодот, стабилност, подобар стандард и економски развој.

-Ќе ги слушнеме очекувањата за ЕУ и Западен Балкан и што ќе имаме можност да разговараме за предизвиците во пост-ковид економијата со кои сите ние се соочуваме. Важно е и да слушнеме за безбедносните предизвици и контекстот на безбедносната политика, како и приоритетите на САД за Западен Балкан, истакна Заев.

Тој повтори дека Владата посветено работи на економскиот развој на државата, на отворање нови и подобри платени работни места, преку нови вложувања од нов карактер и фер пазарни услови за инвестирање, како за домашните, така и за странските инвеститори.

– Нашите заложби за креирање предвидлив деловен амбиент, воспоставување на механизми за владеење на правото, водење на стабилни економски политики и креирање поволни услови за инвестирање, се веќе потврдени, истакна Заев.

Косовскиот премиер Албин Курти рече дека е важна заедничката соработка во регионот, и јакнење на институциите, ослободени од криминал и корупција. За тоа, рече, Курти, потребни се функционални реформи и владеење на правото.

Тој истакна и дека е важен и социјалниот и економскиот напредк во регионот, и тој како социјалдемократ, верува во фер економија со еднакви можности за мажите и жените.

Вицепремиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ се согласи со Курти дека корупцијата и организираниот криминал се генераторот на голем број негативности во регионот и доколку не се бориме против негативните фактори во регионот и нашите земји не можеме да имаме институции кои се професионални, независни и кои може да обезбедат подобри животни услови за луѓето. Потребно е вели и да се надминат проблемите во регионот, да се направат границите невидливи, како во ЕУ за да им овозможиме на луѓето да бидат помобилни, да им го олесниме пристапот. Според него, улогата на ЕУ е да дава голем број препораки, од друга страна, вели, има и други супер сили кои имаат конкретно влијание кое е во форма на инвестиции.

-ЕУ конечно треба да разбере дека начинот на кој треба да се изградат посилни партнерства и инвестиции во Западниот Балкан е да се забрзаат и да се зголеми бројот на инвестиции во регионот, и особено во инфраструктурата за да се овозможи таа мобилност за сите луѓе. Ќе биде многу добро конечно да постигнеме вистинско помирување на луѓето од Западниот Балкан. Се разбира дека имаме проблеми, па избори, па нов период по изборите, има проблеми меѓу Косово и Србија, Црна Гора и Србија, Северна Македонија и Бугарија, во самата БиХ исто така имам проблеми. На крајот на краиштата треба да разбереме дека понекогаш нашата реторика не е компатибилна со нашите постапки. Ако навистина сметаме дека треба да ги прифатиме европските вредности и сакаме да бидеме дел од запаната цивилизација и сакаме да се приклучиме кон ЕУ треба да се придвижиме напред во однос на нашето однесување и постапки и да бидеме компатибилни со тие вредности, рече Абазовиќ.

Тој смета дека не треба да гледаме само непријатели на нашите граници, туку пријателство, луѓе со заеднички проблеми кои во голем број случаи се и идентични проблеми како корупцијата, непостоење правда, организиран криминал и треба да се помогнат за над и иако ситуацијата во регионот не е многу оптимистична, тој е оптимист дека земјите од регионот имаат потенцијал кој можат да го искористат на вистински начин со испраќање позитивни пораки преку јакнење на демократијата и институциите.