ЕкономијаМакедонија

Заев не се откажува од предизборното ветување за 30,000 просечна плата

Заев не се откажува - Работник
64views

После 2 и пол години водење на силна и одговорна економска политика, граѓаните почнаат да ги чувствуваат придобивките на зголемените плати и намалените трошоци.

Ако порано просечната плата растеше за само 800 денари за 2 години, сега за 2 години платите се покачија за 2.300 денари и ќе продолжат да растат уште многу повеќе.

Со новото покачување на минималната плата од 14.500 денари, заедно со субвенционирањето на придонесите за работодавците кои ќе ги покачат платите до 100 евра, очекуваме да дојдеме многу блиску до 30.000 денари просечна плата.

Резултатите во економијата станаа видливи и опипливи. Ќе продолжиме да инвестираме во човечкиот капитал, пишува Премиерот Зоран Заев на Фејсбук профилот.