ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Заев: Со трите пакет мерки се спасија стотици илјади работни места

Заев: Со трите пакет - Работник
127views

Трите пакет мерки кои ги донесе Владата беа соодветен одговор на економските штети предизвикани од страна на пандемијата од коронавирусот. Тоа беа навремени мерки за спас на работните места и беа водени по принципот никој да не биде изоставен, рече Заев, нагласувајќи дека биле дизајнирани за да се справат со сите удари.

Тој потсети за ефектите на овие мерки, истакнувајќи дека стотици илјади работни места се спасени и обезбедени благодарение на помошта за десетици илјади компании. Нагласи дека само преку мерката за финансиска помош од 14,500 денари по вработен, со 79,5 милиони евра биле поддржани околу 120,000 вработени граѓани и околу 20,000 компании.

Посочи дека финансиска помош добиле и преку 6,000 самостојни вршители на дејност. Со бескаматната кредитна линија Ковид – 1 преку развојната банка, како што рече Заев, биле вложени прво 5 милиони евра кои биле доделени на 737 компании со над 6,500 вработени, нагласувајќи дека овие средства биле доделни на најпогодените сектори, како туризмот, угостителството и транспортот на патници кои биле први на удар на кризата. 

Со кредитната линија Ковид -2 во износ од 8 милиони евра биле помогнати 639 домашни компании во кои работат 11,325 лица. 26,8 милиони евра завршиле кај 309 илјади граѓани кои добиле платежни картички преку мерката „Купувам Домашно“, чија цел била да го поддржи домашното производство и да ја зајакне куповната моќ на граѓаните, рече Заев.

„Од нив 16,5 милиони евра беа наменети за 113 илјади невработени граѓани и приматели на социјална помош; 5,4 милиони евра за 111 илјади вработени со ниски примања; над 4 милиони евра за 81 илјада млади граѓани, како и преку 900 илјади евра за 4,000 здравствени работници“, наведе Заев.

За поддршката на најпогодениот сектор – туризмот и за поддршка на граѓаните да искористат летен годишен одмор преку мерката „Дома си е Дома“, биле доделени ваучери за туризам на 117 илјади граѓани, во висина од 12 милиони евра, како директна помош.

Вредноста на првите три пакети на економски мерки важни за поддршката на стопанството и граѓаните изнесувала 550 милиони евра, рече Заев.