ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Заев: Со 70 милиони евра поддршка на 83 000 работни места

Заев ја најави реализацијата - Работник
92views

Со седумдесет милиони евра ќе бидат поддржани 83 000 работни места и ќе се субвенциониарат 250 000 плати, вели  во објава на Фејсбук премиерот Зоран Заев.

Тој истакнува дека вложуваат максимална посветеност, внимание и труд за што побезболно справување со ефектите од досега најголемата здравствено-економска криза на светско ниво, предизвикана од пандемијата на КОВИД-19. Одржување на стабилноста на здравствениот и економскиот систем, потенцира, е наш приоритет.

Како што наведува Заев, со усвоениот ребаланс на Буџетот за годинава се обезбедуваат средства за реализација на четвртиот пакет економски мерки во износ од 470 милиони евра, за ублажување на последиците и подобрување на ликвидноста на реалниот сектор.

– Градиме партнерски однос со стопанството, 70 милиони евра ќе бидат наменети за поддршка на 83.000 работни места и субвенционирање на вкупно 250.000 плати за месеците октомври, ноември и декември во висина од 14.500 до 21.776 денари. Финансиска поддршка по 6.000 денари ќе добијат 283.000 граѓани. За оваа намена државата обезбеди 27,6 милиони евра кои повторно ќе се вратат во стопанството. На овој начин се стимулира потрошувачката на домашни производи и услуги. Се обезбедуваат и дополнителни средства за вакцини, лекови и зајакнување на здравствените капацитети. Важен е секој човечки живот и секое работно место. Поддршката по региони продолжува, со ребалансот се опфатени важни проекти на локално ниво, низ речиси сите општини, напиша Заев