ЕкономијаМакедонија

Заев ја најави реализацијата на четвртиот пакет мерки

Заев ја најави реализацијата - Работник
30views
Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев: 
 
Стартува со реализација четвртиот пакет мерки за поддршка на граѓаните, стопанството и за одржување на макроекономската стабилност. Од почетокот на пандемијата континуирано ги следиме состојбите и соодветно реагираме во најбрз рок да се ефектуира дадената финансиска поддршка.
Покрај мерките за директна поддршка за исплата на плати, како и директна финансиска поддршка за граѓаните, воведовме мерки за даночни ослободувања и намалување на давачките за компаниите како:
✅ Намалување на ДДВ од 18% на 5% за занаетчиски услуги;
✅ Намалување на стапката на ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалаци;
✅ Плаќање ДДВ 5 дена по поднесување на пријава;
✅ Одложено плаќање на аконтации за данок на добивка и данок на личен доход;
✅ Признавање на трошок за приватно здравствено осигурување и тестирање за КОВИД-19.
Дополнително преку ребалансот на Буџетот за најпогодените сектори одвоени се:
✅ 412 милиони денари за поддршка на производителите, преработувачи и извозници на грозје и вино;
✅ 9,8 милиони денари за туристичките водичи;
✅ 120 милиони денари за враќање на туристичката такса за 2019 година;
✅ 330 милиони денари за Грантови за туристички агенции, игротеки и ресторани за свадби.
Зацврстување на дијалогот, консултација пред донесување на мерките, со сите чинители во општеството, комори, синдикати, работодавачи, граѓански организации е наш приоритет.
Државата е тука да помогне во најтешките моменти, заедно да ја пребродиме оваа криза, да излеземе посилни и да продолжиме со позитивните трендови на новата развојна македонска економија.
Со висока колективна свест и грижа за секој живот и работно место ќе ја надминеме оваа криза и ќе ја искористиме како можност за градење на силно и просперитетно општество.
 

Стартува со реализација четвртиот пакет мерки за поддршка на граѓаните, стопанството и за одржување на макроекономската…

Posted by Zoran Zaev on Sunday, November 8, 2020