ЕкономијаМакедонија

Заеднички ќе се одлучува за зголемувањето на платите на просветните работници, вели Адеми

Заеднички ќе се одлучува за зголемувањето на платите - Работник
292views

Министерот за образование и наука Арбр Адеми смета дека во претстојниот период на конструктивен и рационален начин ќе се разгледуваат сите параметри и податоци и заеднички ќе одлучуваат за идното зголемување на платите на просветните работници.

– Имајќи го предвид моето искуство и моите релации како министер за образование и наука со моите партнери, како што е СОНК мислам дека на конструктивен начин ќе продолжиме во периодот што ни претстои. Ќе ги разгледаме сите параметри на конструктивен, рационален начин, ќе ги согледуваме сите податоци и заеднички ќе одлучуваме за итното зголемување на платите во дејноста образование. Но, секако тоа треба да се разгледа и од страна на Владата, изјави денеска Адеми во ОУ „Аврам Писевски“ во Бардовци, каде присуствуваше на првиот училишен час, објави ТВ21.

Извор: ТВ21