Правда

Законите за работни односи и за судска служба не се применуваат во пракса

Јосевски: Законите за работни односи и за судска служба не се применуваат во пракса - Работник
472views

Законите за судски службеници и работни односи не се почитуваат, констатираше Драган Јосевски, Претседател на синдикалната организација на правосудство во Основен суд 1 – Скопје при Синдикатот за администрација и државна управа – САДУ, ексклузивно за порталот Работник.мк

Јосевски рече дека главниот проблем, кој причинува големо незадоволство на судските полицајци е непочитувањето на законите и правата на судските полицајци, кои произлегуваат од законските прописи.

„Ќе се осврнам прво на законот за судска служба. Во членот 3, кој се однесува на судските службеници и судската полиција, кажува дека правата на судските службеници и судската полиција се регулираат на основа на законот, согласно колективните договори и на другите прописи од работен однос, но тој не се почитува. Ние имаме класична опструкција и од судските органи, каде што покренавме тужби за да ги докажеме нашите права, како и тотално непочитување на колективните договори. Конкретно, признавањето на повисокото образование, во однос на она образование, кое сте го стекнале кога сте влегле на работа во суд“, рече Јосевски.

Тој наведе дека се издале некаде околу 57 нови решенија со повисоко образование на судските службеници, но во неговиот случај не е така постапено и покрај тоа што има соодветно високо образование, односно прв степен на студии на универзитетот Фон и има назив детектив, за што тој смета дека е чисто кршење на закон.

„Во законот убаво пишува. Во членот 67 од законот, пишува дека оној кој завршил факултет, истиот му се признава. Во членот е наведено точно кое образование колку бодови носи. На пример, за средно е 100 поени, за високо е 150 и така натаму. Декративно во законот е наброено, поточно во глава 17 од законот за судска служба, каде што се третираат прашањата и правата на судските полицајци. Во членот 67, управата на судот постапила во 57 случаи и ги спорвела онаму каде што судската полција не ги применува, за што ние сметаме дека тоа е селективна примена на право. Поради тоа ние поведовме постапки“, изјави Јосевски.

Тој тврди дека се соочуваат со непримена и во судските постапки, за права кои пред две години ги остварувале. Некои од правата ги користеле и како стечајни права, но според него, нив ги укинуваат, што претставува додатен проблем за работниците во Основен суд 1 – Скопје. Јосевски смета дека изостанува одговорноста, на тие институции коишто ги кројат законите, како што е Министерството за Правда. Јосевски не ја пронаоаѓа кривицата во сегашната Министерка Рената Дескоска, бидејќи овие проблеми постојат уште пред да ја назначат на позицијата Министер за Правда.

Јосевски нагласува дека во членот 135 од законот за судски службеници, кој вели дека поради видот, природата и сложеноста на работите и задачите што се извршуваат од припадниците на судската полиција, износот на средствата наменети за плата за тие работни задачи може да се зголеми до 20%. Овој член стои десет години во законот и до сега воопшто не се применил во пракса. Во членот пишува и дека Министерот за правда со подзаконски акт ги утврдува процентите за зголемување на плата до 20% за секој суд посебно. Тој вели дека овој подазконски акт требало да се донесе во рок од девет месеци, а од неговото вметнување до сега се поминати десет години, но не е се применува.

„Нема поголемо кршење на права од ова, што е законски основ, поради кои судските полицајци губат права и претрпуваат оштети. Имаме недоверба во правно – судски систем, не се применуваат закони, колективни договори и законски прописи. Имаме една општа хипокризија во општеството, која прави штета на работниците. Во систем каде што треба да имаме владеење на правото и законите, ние имаме владеење на подзаконски акти (правилници), со што се крши Уставот, каде што е јасно напишано дека сите подазконски акти мора да бидат во согласност со законите “, вели Јосевски

Јосевски вели дека преку судски постапки ќе почне да ги бара своите права, кои иако законски следуваат на секој судски полицаец, сепак не се исполнуваат.