Законот за безбедност и здравје при работа не е функционален
Бобан Илијевски
Сегашниот Закон за безбедност и здравје при работа – БЗР е нефункционален, посочи Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, Благоја Ралповски на Регионалниот форум за безбедност и здравје при работа кој денеска и утре се одржува во Скопје.
Тој наведе еден пример за повреда при работа во фабрика во Новаци и се осврна на нефункционланоста на Државниот инспекторат за труд.
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија – ССМ, Дарко Димовски зборуваше за тоа што е постигнато во минатиот период на полето на безбедноста и здравјето при работа и наведе дека се подготвени да учествуваат во новите законски решенија во иднина.
Мирјанка Алексовска од Министерството за труд и социјална политика истакнала дека е клучно да се применуваат одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа и дека потребно е вклучување на синдикатите во тој процес.
Ангел Димитров, Претседател на Организацијата на Работодавачи на Македонија – ОРМ, рече дека недоволно внимание се посветува на Законот за безбедност и здравје при работа. Според него, Законот не ги дал очекуваните резултати и дека тој воошто не се почитува во пракса. Тој даде и неколку препораки, вклучително и за тоа дека потребно е синдикатите да бидат вклучени, заедно со работодавачите во целата постапка.
Негов став е и дека треба обучените лица во самите организации да вршат процени на ризик и да прават обуки за работниците.
Ангел Панев, експерт за БЗР од КСС истакна дека синдикатот и општо државата располага со минимални средства и човечки ресурси за безбедност и здравје при работа. Тој посочи дека државата треба да оди во насока на превенција и сертификација, се со цел намалување на сивата економија, смртноста, повредите при работа и и.т.н. Тој се осврна и на смртноста при работа која изнесува 4,3 проценти, како и на професионалните заболување, од кои моментално 107 се признаени како заболувања при работа, со Законот од 2004 година.
Дарко Дочински од МТСП наведе дека сегашниот Закон не е добро регулиран и дека се донесени измени кои не го подобриле. Тој посочи дека досега се донесени дваесетина правилници за безбедност и здравје при работа.
Универизтетскиот професор по трудово право на Правниот факулетет во Скопје, Проф д-р Лазар Јовевски рече дека Државниот инспекторат за труд го има ставено Законот за БЗР на маргините. Тој порача дека треба да се надмине бирократијата во законите и да се подигне свеста за полето на БЗР. Додаде и дека Колективните договори треба да бидат по мерка на концептот на развиен систем на БЗР.
Милан Петковски, Претседател на Македонското Здружение за заштита при работа – МЗЗПР рече дека препишувањето на закони доведува до ситуација да не се знае што да се прави со истиот. Тој потенцираше дека клучно е сите социјални партнери да бидат вклучени во законските решенија кои би се креирале од страна на професионалци.
Форумот го отвори Виктор Кемпа од Европскиот синдикален Институт, зборувајќи за превенција на несреќите при работа и стратегиите на синдикатите.
На форумот учестуваат и претставници на синдикати од Бугарија, Хрватска, Грција, Црна Гора, Романија и Србија и е во организација на Европскиот синдикален Институт.
- По повеќе од две години опструкции, СОНК ја обнови репрезентативноста - 07/12/2024
- Мицкоски по состанокот на ЕСС: Очекувам наредната година да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги - 06/12/2024
- Во октомври зголемен бројот на слободни работни места во САД - 05/12/2024