Колумни

Законот за извршување на санкции – за сите ист или селективен?

Законот за извршување на санкции - Работник
891views

Автор: Стојче Јовановски

Во врска со Законот за извршување на санкции

Покрај наведениот недостаток наведен во претходниот текст има и многу други затоа што тие кои што го подготвувале и покрај работните групи, НЕ беа земени во предвид сите синдикати, исто така не беа земени во предвид вработени со искуство и знаење туку селективно и предлозите доставени пред гласањето.

Во врска со трудовата дискриминација.

Еве отворено прашуваме зошто во континуитет и покрај големите парични штети не се применуваат пресудите, туку намерно продолжуваат со силеџиското однесување на претпоставените кон вработените. Зошто нема одговорност од оние кои постојано го оштетуваат државниот буџет?. Затоа што трошоците се зголемуваат и за суд, трошоци, вештаци, адвокати, извршители, камата.

Конкретно

Заради различното толкување на законите, некои измислени агенции, фондови кои се замислуваат над министерствата, Владата, законите, уставот, секаде различно се пресметуваат изработените часови, фондот на часови, вишок, слободни денови, празник,.Вработените во Затворите имаат поднесени барања, молби, претставки до повеќе институции.

 Колку изнесуваат работните денови по месеци согласно законите?

Заради проблемот со фондот часови. И НЕНОРМАЛНИТЕ одговори од официјални институции, префрлувајки одговорност на други институции. Колку денови бевте вие на работа во изминативе месеци?  Одговор: Ама за нас е така, а за вас е различно. Вие работите по ПИОМ, а на нас ни е платена разликата иако не сме биле на работа. MОЛАМ, МОЛАМ, МОЛАМ ??? Така, вака. Во кој закон е дефинирано нас, вас, или сите сме еднакви пред законот (така вели уставот на Р. Македонија) и за сите е исто или НЕ. Значи некој месец може да има и 3 празника, што значи 24 часа помалку од ПИОМ, а вкупно во државата согласно закон има 15 + празници помножено со 8 работни часа тоа е еднакво на 120 часа годишно. Поради тоа што тие часови се над изработените од повеќето работници, значи прекувремени тоа согласно закон дека прекувремените се плаќаат зголемено за 35 % тоа е еден месец повеќе работа. Или врз основа на законот, решенијата за работа, се работи по 40 часа неделно, па се случува во некои месеци некои работници да имаат изработено повеќе од 40 часа над поголемиот дел државни работници, што е една недела над. Може и конкретен пример да поставам. Еве актуелниов месец Октомври 2019 година има 23 дена од Понеделник до Петок (по мислење на ПИОМ, предвидени за работа) по 8 часа тоа е 184. МЕЃУТОА врз основа на закон за празници и програмата за неработни денови објавена од министерство за труд; 11 Октомври (Петок – ден на народното востание) и 23 Октомври (Среда – ден на Македонската Револуционерна Борба) се државни празници. Значи најголем број работници нема да одат на работа тие денови освен оние кои работат во смени и е неопхдно, така да според планот и распоредот за работа без вонредни, дополнителни ангажирања, резултатот би бил следен:

Работник А ќе има изработено 180 часа значи 12 повеќе од повеќето работници, а помалку од ПИОМ 4 часа и ПРАЗНИК 0. Затоа што не бил на работа тие денови.

  • Работник Б ќе има изработено 168 исто колку и повеќето (администрација) и ПРАЗНИК 20.
  • Работник В ќе има изработено 204, повеќе од (адм.) за 36 часа а празник 24.
  • Работник Г ќе има изработено 192, повеќе од (адм.) за 24 часа и празник 20.
  • Работник Д ќе има изработено 184, значи повеќе од (адм.) за 16 часа а празник 8.
  • Работник Ѓ ќе има изработено 176, повеќе од (адм.) за 8 часа а помалку од ПИОМ за 8 часа.

Празник ? Според пресметките на некои институции, установи, (затвори, судови, здравство, противпожарни,

МВР, царина, АРМ, … некои од горенаведените се минус часови иако имаат изработено повеќе часови од администрацијата. А во некои институции се пресметуваат правилно.

Прашања: Како може „Работник А“ кој има изработено 12 часа повеќе од адм., и без празник да биде минус. Ем нема празник ем нема вишок а има повеќе од адм.? Како може „Работник Б“ да има исто колку и адм. а празник 20? Друг проблем е замената за слободен ден. Несоодветна. Секој вишок час заменет за обичен час. За ноќна смена по 16 часа??? И Чудно, Чудно, Неверојатно??? А најжално од се е во некои установи се пресметува  прекувремениот час помножен со 1.35 % а во некои установи се заменува час за час. Па нели сме сите под едно министерство, министерство за ПРАВДА, како може различно да се пресметуваат платите кога сите работиме под исти правилник, а да не го спомнам овде општиот колективен договор за јавен сектор каде вредностите на изработениот прекувремен час се уште поголеми. Затоа имавме конкретни предлози пред гласањето на законот.

Ставовите изразени во колумната во ниеден случај не ги изразуваат официјалните ставови на Порталот Работник.